понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 24 луѓе починаа од токсичен алкохол во Индија

Најмалку 24 луѓе починаа од токсичен алкохол во Индија

Најмалку 24 луѓе починаа откако конзумирале токсичен алкохол во индиската сојузна држава Мадја Прадеш.

Властите стравуваат дека е можно зголемување на бројот на жртвите, бидејќи според прелиминарната истрага, продадени се 50 шишиња со фалсификуван алкохол.

Во Индија распространета е нелегалната трговија со алкохол, бидејќи е многу поевтин од комерцијално произведениот алкохол.

Просечно илјада луѓе годишно во Индија умираат по конзумирање на незаконски дестилиран алкохол. (МИА)