вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 40 исчезнати при превртување на траект во Индија

Најмалку 40 исчезнати при превртување на траект во Индија

Најмалку 40 лица се водат како исчезнати, откако траектот со кој патувале се превртил во реката Годавари во југозападниот дел на Индија.

Локалната полиција соопшти дека 20 лица од траектот успеале да допливаат до брегот.

Несреќата се случила при невреме проследено со силен ветер.

Веднаш по превртувањето, кон траектот се упатиле рибари кои се наоѓале во близина и кои веднаш ја известиле полицијата за настанот.

Во тек е операција за пронаоѓање на исчезнатите, која е отежната поради ноќта и проблеми со комуникацијата.

Меѓу исчезнатите се и група патници кои се упатиле на свадба.

(Миа)