сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа при нападот во Краматорск

Најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа при нападот во Краматорск

Најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа при ракетен напад на железничката станица во градот Краматорск во источниот дел на Украина, изјави гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко.

– Педесет загинати, од кои пет деца. Ова е бројката на загинати досега откако руските окупаторски сили ја нападнаа железничката станица Краматорск, напиша Кириленко на Телеграм.

Претходно беше објавено дека се загинати 39 лица, а најмалку 100 се повредени. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем.

Градоначалникопт на градот истакна дека во моментот на гранатирањето на железничката станица при сутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и повозрасни лица.