среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 50 рудари загинаа при свлечиште на рудник за жад во Мјанмар

Најмалку 50 рудари загинаа при свлечиште на рудник за жад во Мјанмар

Најмалку 50 рудари загинаа денеска во свлечиште во рудник за жад во северен Мјанмар, соопштија властите.

Се претпоставува дека има повеќе настрадани, но дека тие се затрупани, пренесува Би-Би-Си.

Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.Мјанмар се смета за еден од најголемите извори на жад во светот, но во рудниците често доаѓа до несреќни случаи. (MИА)