петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 50 загинати, меѓу кои и деца како последица на монсунските дождови во Пакистан

Најмалку 50 загинати, меѓу кои и деца како последица на монсунските дождови во Пакистан

Најмалку 50 лица, меѓу кои осум деца, загинаа во поплавите и одроните предизвикани од монсунските дождови што го зафатија Пакистан, соопштија властите.

На северот на Пакистан осумте деца, кои биле на возраст меѓу 12 и 15 години, загинале во одрон додека играле крикет по монсунските дождови. Инцидентот се случил синоќа во областа Шангла.

-Речиси 15 деца поставија терен за крикет во близина на карпата, која ги затрупа по дождот, изјави за британската агенција претставник на окружната единица за итни случаи Санаула Кан, додавајќи дека локалните спасувачки тимови на кои подоцна им се придружи пакистанската армија извлекоа осум тела по неколку часа.

Едно дете е тешко повредено, додека другите се неповредени. Спасувачите се уште трагаат по други деца заробени во урнатините.

Повеќето од смртните случаи се во источната провинција Пенџаб, најмногу поради струен удар и урнати згради, покажуваат официјалните податоци.

Метеоролошкиот оддел предвиде нови обилни врнежи низ целата земја во наредните денови и предупреди на потенцијални поплави во главните речни сливови на Пенџаб.

Провинцискиот менаџмент за катастрофи соопшти дека работи на преместување на луѓето кои живеат покрај водните патишта.