понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 77 мигранти удавени во бродоломот во близина на сирискиот брег

Најмалку 77 мигранти удавени во бродоломот во близина на сирискиот брег

Најмалку 77 мигранти се удавија во близина на брегот на Сирија, откако потона чамец што исплови од Либан, изјави денеска сирискиот министер за здравство Хасан ал Габаш.

Околу сто и педесет лица, главно Либанци и Сиријци, се наоѓале на чамецот што потона близу градот Тартус.

– Бројот на жртвите достигна 77, а 20 лица се згрижени во болницата „Ал Басел“ во Тартус, појасни сирискиот министер.

Во текот на изминатиот месец, илјадници Либанци, Сиријци и Палестинци го напуштија Либан и преку море се упатија кон Европа.

Во Либан живеат околу шест милиони луѓе, вклучувајќи и повеќе од милион сириски бегалци. Над три четвртини од населението живее во сиромаштија поради економската криза во земјата од 2019 година.