Во песочната бура што во текот на ноќта ја погоди северна Индија загинаа најмалку 98 луѓе, а над 140 се повредени.
Од песочната бура најпогодени се сојузните држави Утар Прадеш и Раџастан.
Најголемиот број жртви загинаа при уривање на дрвја и ѕидови. Во Утар Прадеш загинаа 65, а во Раџастан 33 лица.
Брзината на ветерот достигна и до 130 километри на час.
МИА