Најмалку десет лица, од кои четири деца, загинаа во вчерашните поплави што го погодија главниот град на Египет, Каиро.
Поради надојдената вода не работеа училиштата и универзитетите, а голем дел фирми делумно работаат. Обилните дождови поплавија голем број патишта, поради што беше нарушен и сообраќајот.
Од поплавите најмногу погодени се источните предградија на Каиро, Наср Сити и Хелиополис, кои се лоцирани во близина на меѓународниот аеродром.