Најмалку две лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти.
„Луѓето се под урнатините. Според прелиминарните информации, две лица загинаа“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев за Телеграм.
Тој додаде дека зградата е „практично целосно уништена“ во нападот.