Две лица загинаа, а петмина се повредени откако изби пожар во рафинеријата во сибирскиот град Ангарск.
Гувернерот на рускиот регион Иркутск, Игор Кобзев изјави дека пожарот е предизвикан од истекување на гас.
Тој додаде дека е отворена истрага за евентуално кршење на безбедносните стандарди. (МИА)