вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку две лица загинаа при пад на хеликоптер во Виетнам

Најмалку две лица загинаа при пад на хеликоптер во Виетнам

Две лица загинаа откако хеликоптер се урна во близина на природниот резерват Ха Лонг Беј во североисточниот дел на Виетнам.

Со хеликоптерот Бел 505, произведен во САД, управуван од припадник на виетнамските вооружени сили, се превезувале четворица туристи.

Две безживотни тела и остатоци од хеликоптерот пронајдени се во близина на брегот, а започна потрага по исчезнатите патници.  (МИА)