Палестинското Министерство за здравство соопшти дека синоќа е убиен еден Палестинец, а 11 се повредени во окупираниот Западен Брег откако израелските сили отвориле оган.
Деветмина Палестинци се повредени од огнено оружје, а двајца од вдишување на солзавец.
Според официјалната Палестинска новинска агенција Вафа јави дека синоќа избиле судири помеѓу израелските сили и жителите на северниот град Хеброн.
Израелската армија соопшти дека војниците отвориле оган врз Палестинците кои пукале врз војниците, фрлале со камења и импровизирани експлозивни направи.
Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемуваат со месеци поради израелските ноќни напади во окупираниот Западен Брег, откако палестинските милитанти убија 19 лица во нападите врз израелските градови оваа пролет. (МИА)