За време на рација во Рио де Женеиро дојде до жестока престрелка во која загина најмалку едно лице загина, а 11 се ранети.
Полицијата во Рио де Женеиро упадна во фавелата Вила Крузеиро, во акција на апсење на водачи на криминални групи, соопшти полицијата. Во рацијата учествувале и припадници на бразилската жандармерија.
Во соопштението се наведува дека пред почетокот на акцијата бил отворен оган врз полицијата и жандармеријата и оти дошло до судир при што едно лице загинало, а 11 се ранети. Локалните медиуми јавуваат дека во престрелката загинале повеќе од 10 лица.
Во полициската акција се запленети 16 возила и 13 автоматски пушки, како и рачни бомби и пиштоли. (МИА)