четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку една жртва во ракетен напад врз Краматорск

Најмалку една жртва во ракетен напад врз Краматорск

Најмалку едно лице загина, а шест се ранети во денешниот ракетен напад во центарот на Краматорск, град контролиран од Киев во областа Доњецк во источна Украина, што руските сили сакаат да го заземат, соопштија денеска градските власти и полицијата.

– Во оваа фаза имаме еден загинат, изјави претставник за медиумите на градските власти, додека висок полициски функционер информира дека шест лица се ранети.

Ракетата паднала претпладне во двор опкружен со четирикатни згради во центарот на градот.

Краматорск, град со 150.000 жители пред војната, е административен центар на регионот Доњецк кој е под контрола на Киев. Се наоѓа на дваесетина километри од фронтот и редовно е цел на гранатирање.