недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осум кампери загинаа во свлечиште во Малезија

Најмалку осум кампери загинаа во свлечиште во Малезија

Најмалку осум лица загинаа во лизгање на земјиште што денеска се случи во камп во Малезија.

Малезиската агенција за управување со катастрофи на Твитер објави дека 53 лица биле спасени, а седум лица се повредени.

Спасувачите веруваат дека околу 90 луѓе биле во кампот во Батанг Кали, околу 50 километри северно од Куала Лумпур, кога се случило свлечиштето, околу 3 часот наутро.

Премиерот на Малезија Анвар Ибрахим денеска ќе отпатува на местото на несреќата.