четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар
фото илустрат

Осум лица загинаа, а 18 се повредени во најмалку две експлозии пред затвор во Јангон, соопшти денеска воената хунта која е на власт во Мјанмар.

Цел на нападот биле луѓе кои чекале во ред да остават пакети за пријатели или роднини кои отслужуваат казна во затворот Инсеин, се вели во соопштението на службата за информирање на воената влада.

Воената хунта информира дека за експлозиите се одговорни „терористи“.

Тројца од жртвите се вработени во затворот, јавија локалните медиуми.

Според очевидец, безбедносните сили го блокирале пристапот до затворот во кој, според групите за човекови права, има стотици политички затвореници од воениот удар во февруари 2021 година.

Со пучот беше соборена цивилната влада на Аунг Сан Су Чи, која е во затвор во главниот град Нејпидо. (МИА)