Најмалку осум лица биле убиени во денешниот терористички напад во сомалискиот главен град Могадишу.
Цел на нападот била административна зграда во областа Холвадаг. Училиште, џамија и повеќе куќи биле оштетени во нападот. Најголем дел од жртвите се цивили.
Се претпоставува дека нападот бил организиран од страна на исламистичката група Ал Шабаб, која со години се бори против сомалиските власти и нивните западни поддржувачи.(миа)