среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку пет жртви во железничка несреќа во Индија

Најмалку пет жртви во железничка несреќа во Индија

Најмалку пет лица загинаа, а 30-тина се повредени откако воз излета од шини во северната индиска држава Утар Прадеш, соопшти локалната полиција.

Пет вагони од експресен воз излетале од шините во близина на градот Раебарели неколку миниту пред шест часот по локално време. Возот патувал кон главниот град на државата, Лакнау.

На местото на несреќата пристигнале полицајци и спасувачки екипи, кои се обидуваат да ги извлечат патниците заглавени во вагоните.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Железничката мрежа во Индија е една од најголемите во светот и несреќите се вообичаени. Според официјални податоци, од 2010 година до сега, во железнички несреќи во Индија загинале повеќе од 25.000 луѓе.