Најмалку пет работници загинаа денеска во несреќа на градилиште во Хамбург, Германија.
Според првите информации, несреќата при работа се случила околу 9 часот и 10 минути, кога скеле се урнало на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници, пренесува Билд.
Во тек е евакуација на околу 700 градежни работници од ова големо градилиште. (МИА)