петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку петмина загинати во несреќа на градилиште во Хамбург

Најмалку петмина загинати во несреќа на градилиште во Хамбург

Најмалку пет работници загинаа денеска во несреќа на градилиште во Хамбург, Германија.

Според првите информации, несреќата при работа се случила околу 9 часот и 10 минути, кога скеле се урнало на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници, пренесува Билд.

Во тек е евакуација на околу 700 градежни работници од ова големо градилиште. (МИА)