петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку петмина загинати во руските бомбашки напади врз центарот на Харков

Најмалку петмина загинати во руските бомбашки напади врз центарот на Харков

Најмалку пет лица загинаа, седуммина се повредени во денешните руски бомбашки напади врз центарот на Харков, во североисточниот дел на Украина, соопштија градоначалникот и регионалниот гувернер.

„Руските окупатори ја бомбардираа централната област на Харков“, наведе гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов подоцна соопшти за петмина загинати и седуммина повредени.

Официјални лица апелираа жителите да останат во засолништа. (МИА)