среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку седум лица загинаа во пожар во Москва

Најмалку седум лица загинаа во пожар во Москва
илустрација

Најмалку седум лица загинаа во вчерашниот пожар што избувна во магацин за цвеќе во Москва, соопшти руската Служба за цивилна заштита.

Седум работници се спасени од пожарот, што беше изгаснат по неколку часа. Во гаснењето на огнот што зафати околу 2.500 метри квадратни учествуваа три хеликоптери, противпожарен воз и 80 пожарникари.

Според првичната истрага причина за пожарот е дефект на електричниот систем за греење на магацинот. (МИА)