понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку седум жртви во бомбашки напад во Кабул

Најмалку седум жртви во бомбашки напад во Кабул

Најмалку седум лица се убиени или повредени во експлозија на автомобил-бомба што утрово се случи во источниот дел на Кабул, изјави Фердус Фармарз, портпарол на шефот на градската полиција, повикувајќи се првични извештаи.

Целта на бомбардирањето не е јасна, но жртвите се цивили, јави ДПА повикувајќи се на изјавата на Фармарз.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.