сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку смртоносни сообраќајќи во Шведска, најмногу во Романија

Најмалку смртоносни сообраќајќи во Шведска, најмногу во Романија

Според последните статистики на Европската Комисија, целокупната безбедност на патиштата во ЕУ се подобрува во споредба со претходните години, но потребни се дополнителни напори за да се постигне зацртаната цел од 50 отсто помалку смртни случаи во сообраќајни несреќи, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вкупно во 2019, 22.800 лица починале во сообраќајна несреќа, што претставува намалување од 23 отсто во споредба со 2010, информира Европската Комисија. Во споредба со 2018, падот изнесува два отсто.

Најдобри резултати покажува Шведска со 22 смртни случаи по милион жители, а најлоши Романија со 96, следат Бугарија со 89 и Полска со 77. На ниво на ЕУ во просек, бројот на жртви во сообраќајни несреќи изнесува 51 по милион жители.

Осум земји членки можат да се пофалат со рекордно ниски бројки на смртоносни сообраќајќи оваа година, а тоа се Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Летонија, Луксембург и Шведска. Но, и покрај овие охрабрувачки трендови, Европската Унија нема да ја исполни целта зацртана во 2010, а тоа е намалување за 50 отсто на смртоносните сообраќајни несреќи до 2020.

-Ниеден смртен случај ни тешки повреди на европските патишта до 2050. Ова е нашата цел. Целиме кон 50 отсто помалку убиени и 50 отсто помалку тешко повредени до 2030 и знаеме дека оваа цел може да се постигне. ЕУ бележи значително намалување во последните години. Притоа, разликите помеѓу земјите остануваат огромни, изјави Адина Валеан, еврокомесарката за транспорт.

Таа додаде дека целта може да се постигне преку соодветно финансирање заедно со добри законски мерки и стандарди за возилата како и за инфраструктурата.