четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмлаку 29 убиени, судири меѓу армијата и нарко картелот во Мексико (ВИДЕО)

Најмлаку 29 убиени, судири меѓу армијата и нарко картелот во Мексико (ВИДЕО)

Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на криминалните судири меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на Хоакин Гузман Лоера, еден од најозлогласените нарко босови во светот, попознат по прекарот Ел Чапо.

Како што опишаа мексиканските власти, ситуацијата на улиците во моментов потсетува на вистинска војна. Во пресметката досега загинаа 10 војници и 19 членови на криминална организација.

„Битката“ според написите ја започнаа членовите на картелот кои сакаа да спречат екстрадиција на нивниот „покровител“. Тие пукаа кон мексиканските војници со митралези на што армијата одговори со напад од борбени хеликоптери од типот „Black Hawk“

Овидио Гузман беше обвинет во САД во 2018 година за шверц на дрога.