Американскиот милијардер Ворен Бафет се приклучи на групата луѓе чиј имот се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, објави списанието Форбс.
Акциите на „Беркшир Хатавеј“ на Бафет вчера достигнаа рекордно ниво, со што неговото богатство достигна 100,3 милијарди долари. Бафет на врвот на листата на најбогати им се придружи на Џеф Безос, Илон Маск, Бернард Арно и Бил Гејтс.
Ворен Бафет важи за најуспешен инвеститор во светот, а тој донираше милијарди од своето богатство во добротворни цели.