четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Напад врз луксузен хотелски комплекс: Најмалку едно лице загина, има повредени

Напад врз луксузен хотелски комплекс: Најмалку едно лице загина, има повредени

Најмалку еден човек е убиен, а четворица се повредени при нападот врз луксузниот хотелскиот комплекс во главниот град на Кенија, Најроби.

Според болнички извори, хоспитализирани биле пет луѓе, од кои едно лице починало во болница.

Кениската полиција соопшти дека се работи за терористички напад.

Одговорноста за нападот врз луксузниот хотелски комплекс „ДуситД2“ во Најроби ја презеде екстремистичката организација Ал Шабаб.

Ал Шабаб, чие седиште е во Сомалија, објави дека нејзини борци се уште се во хотелскиот комплекс, а пред влезот се наоѓа разнесениот автомобил бомба што бил користен при нападот.