Авганистанската Влада денеска изрази загриженост поради бруталните напади на талибанците врз градовите, што доведе до воени злосторства, кршење на човековите права и хуманитарна катастрофа во земјата.
Министерството за надворешни работи на официјалната веб-страница наведува дека Владата на Исламската Република Авганистан, заедно со меѓународната заедница, изразува сериозна загриженост поради бруталните напади на талибанците врз градовите.
– Авганистанскиот преговарачки тим, предводен од претседателот на Високиот совет за национално помирување, д-р Абдула, во средата присуствуваше на продолжениот состанок на „тројката“на кој учествуваасо учество на Русија, САД, Кина и Пакистан во Доха, и експлицитно ги наведе барањата на авганистанскиот народ и на Владата, се наведува во соопштението.
Претседателот на Високиот совет за помирување ја повика меѓународната заедница, особено членовите на „тројката“, да усвојат сериозни мерки за спречување на талибанските напади врз градовите.