вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Напаѓачот од Виена го подготвувал станот за пресметка со полицијата- имал намера да побегне

Напаѓачот од Виена го подготвувал станот за пресметка со полицијата- имал намера да побегне

Исламистичкиот терорист од Виена со потекло од тетовското село Челопек кој на 2-ри ноември уби четири лица, го подготвувал станот за пресметка со полицијата.

Албанецот Кујтим Фејзулаи, припадник на Исламската држава, непосредно пред да го изврши терористичкиот напад во Виена, го преуредил мебелот во станот со цел полесно да се одбрани од евентуален упад на полицијата.

Како што покажува истрагата, тој го подготвил станот за пресметка со полицијата и очигледно имал намера да побегне од местото на нападот.

Засега на австриската полиција и натаму не ѝ е јасно како Фејзулаи со тешко вооружување пристигнал во центарот на Виена, со оглед на тоа што живеел во стан оддалечен неколку километри од местото на нападот. Сите лица кои полицијата ги привела изјавиле дека не учествувале во нападот и не знаеле ништо за тоа.

Моментално во притвор се десет лица блиски до Фејзулаи, а меѓу нив е и неговиот пријател со кого бил во Словачка каде што се обидел да купи оружје и муниција.

Тој пријател, тврди дека дури кога влегле во продавницата дознал дека Фејзулаи сака да купи муниција и поради тоа дури и се скарале. Тој тврдел дека за време на нападот се обидел да го добие својот пријател на телефон и да го замоли да не го прави тоа.