петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Наркодилер се разоткри со “селфи“: Поради овие фотографии полицијата му тропна на врата, а од она што го најдоа останаа во шок

Наркодилер се разоткри со “селфи“: Поради овие фотографии полицијата му тропна на врата, а од она што го најдоа останаа во шок

Британската полиција потврди дека бил уапсен дилер на дрога врз основа на неговите селфи фотографии со кои што на социјалните мрежи се фалел позирајќи пред голема количина на пари, скапи часовници и накит.

Марк Вајнфур имал кај себе 14.000 фунти кога полицајците упаднале во неговиот стан, а кога подоцна го прегледале неговиот телефон, тие пронашле дури 26 илјади фотографии, 400 видео записи и 700 пораки поврзани со дрога.

На една од фотографиите, 29-годишниот дилер позира на фарма со канабис, а на другата може да се види како носи скапоцен часовник “Royal Oak Offshore”.

Полицајците во неговиот дом, меѓу другото пронашле и 14 илјади фунти во готовина, прескапа облека, накит и часовници „Ролекс“, но исто така и дигитална вага на која што имало траги од канабис.

Дилерот Вајнфур пред судот признал дека се занимавал со „одгледување на марихуана и перење на пари“. Судијата му одредил затворска казна од три години и четири месеци.

-Тој е професионален дилер на дрога и се гордее со тоа. Продажбата на дрога е одвратна, предизвикува патење и смрт, изјавил судијата пред Вајнфур да биде сместен зад решетки.