НАСА денеска ќе лансира ровер од новата генерација „Упорност“ (Perseverance) на Марс, што ќе ги истражува трагите од потенцијалниот некогашен живот.
Лансирањето ќе биде од Кејп Канаверл на Флорида во седум часот и 50 минути по локално време, а роверот на Марс треба да пристигне во февруари следната година.
– Ова е деветтипат да слетуваме на Марс, имаме искуство, изјави Џим Бриденстајн од НАСА.
Мисијата чини 2,4 милијарди долари.