среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАСА ПОВТОРНО ГО ОДЛОЖИ ЛАНСИРАЊЕТО РАКЕТА НА МЕСЕЧИНАТА: Познато кога ќе се одржи следниот тест лет!

НАСА ПОВТОРНО ГО ОДЛОЖИ ЛАНСИРАЊЕТО РАКЕТА НА МЕСЕЧИНАТА: Познато кога ќе се одржи следниот тест лет!

Лансирањето на новата ракета на американската вселенска агенција НАСА на Месечината повторно е одложено, а следниот пробен лет ќе биде најрано на 27 септември.

Лансирањето досега беше два пати прекинато поради технички проблеми.

Овој долгоочекуван пробен лет на мисијата Артемида 1, без екипаж во него, треба да го тестира „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System) во реални услови и капсулата Орион, каде во иднина ќе бидат сместени астронаутите.

Лансирањето ќе означи пресвртница во обидот на Америка да ги врати астронаутите на површината на Месечината за прв пат по завршувањето на програмата Аполо пред 50 години.