Уапсена е ученичка од средно училиште во американската држава Јужна Каролина, која се качи на бирото на наставникот и му се закануваше дека со нога ќе го удри по главата.
На социјалните мрежи се појави видео, по кое реагираше полицијата од местото Калун Каунти и ја уапси 17-годишната Линерија Лин Гловер.
Таа го шокира наставникот, кога се качи на неговото биро со закана дека ќе го клоцне, додека другите ученици се смееја.
Таа неколку пати со рака го удри наставникто по глава.
Директорот на училиштето Стив Арон Цилсон изјави дека е во шок, додека родителите на средношколката не го коментираат ваквото однесување на нивната ќерка.
Таа се соочува со парична казна или со затвор од 30 дена.