На улиците на главниот град на Шкотска, Единбург, се трупаат купишта ѓубре поради штрајкот на компаниите за ѓубре што трае повеќе од една недела.
Здравствените власти предупредија дека постои закана за јавното здравје.
Тие ги предупредија локалните власти дека доколку продолжи акумулацијата на отпад, тоа ќе стане ризик за здравјето на луѓето и ќе треба да се преземе деконтаминација на контаминирани јавни простори.
Штрајкот на собирачите на ѓубре во Единбург започна на 18 август и треба да трае до 30 август. Меѓутоа, доколку не се реши спорот со платите, можни се дополнителни прот естни акции. (МИА)