понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Научници: Земјиште крие тајна за борба против отпорни бактерии

Научници: Земјиште крие тајна за борба против отпорни бактерии

Земја од руралните области на Северна Ирска, во округот Ферманаг, како што обајвија научниците во списанието „Frontiers in Biology“, можеби го има одговорот како да се победи отпорноста на бактериите до антибиотици.

Научниците, со големи напори, забрзано бараат нови начини за решавање на овој брзорастечки проблем, особено проблемот со ширењето на бактеријата MRSA (златен стафилокок), која е поврзана со болнички инфекции. Авторите на статијата го нарекуваат откритието голем чекор напред во изнаоѓање на решение.

Земјата околу селото Бохо, во близина на границата со Република Ирска, веќе неколку години се користи како лек. Тим на научници откри дека состојките од оваа почва можат успешно да се борат против четири типа на најоддржливи бактерии.

„Нашите резултати покажуваат дека народните и традиционалните лекови вреди да се испитуваат во потрага по нови антибиотици “, вели професорот Дајсон од тој Универзитетот Сванс.

Научници од Велс, Бразил, Ирак и Северна Ирска беа предводени од д-р Гери Грин, кој порано живеел во селото Бохо и кој ги знае лековитите својства на почвата таму.

Отпорноста на антибиотици се јавува кога бактериите, вирусите или габите се изложени на лекови зачестено и на погрешен начин, што доведува до нивно приспособување за да ги преживеат третманите. Луѓето често не го завршуваат потребниот циклус на земање на лекот или се изложени на ниски дози на антибиотици од животински производи.
Еден вид на гонореја стана целосно отпорен на антибиотици. До 2050 година, се претпоставува дека бактериите ќе бидат кобни за 10 милиони луѓе.

„Пронајдовме повеќе антибактериски организми од иста почва, кои може да покријат поширок спектар на мултирезистентни патогени”, додаваат научниците.