петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Научниците загрижени: Натпросечните температури во Сибир се аларм за целиот свет

Научниците загрижени: Натпросечните температури во Сибир се аларм за целиот свет

Русија ја забележа најтоплата зима во 140-годишната историја на метеоролошките набудувања, објави Државниот хидрометеоролошки центар на Русија претходно оваа година.

Научниците тврдат и предупредуваат дека топлото време во Сибир е предупредување и алармантен знак за глобалното затоплување.

Имено, температурите во Сибир се за 10 степени повисоки од минатиот месец, а од година во година температурите само се зголемуваат.

Експертите велат дека температурите се превисоки и земјата се прегрева. Тие исто така посочуваат дека порастот на температурата не се одвива рамномерно низ целата земја.

Научниците тврдат дека Западен Сибир се истакнува и покажува најголем тренд на затоплување. Тие исто така потенцираат дека овој регион се затоплува двојно побрзо од остатокот на земјата и дека сето тоа е последица на глобалното затоплување.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин нареди вонредна состојба во сибирскиот град Норилск, откако 20.000 тони гориво се истури во блиската река од електроцентралата.

Менаџерот на електроцентралата изјави дека темелите на резервоарот може да потонале поради топење и ги истакна опасностите од зголемувањето на температурите. Инцидентот доведе до катастрофални последици, а дојде и до угинување на риби, птици и други животни кои беа отруени.