петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Навални: Знам кој сакаше да ме убие, еве ги нивните фотографии (ВИДЕО)

Навални: Знам кој сакаше да ме убие, еве ги нивните фотографии (ВИДЕО)

Најмалку осум руски тајни агенти учествувале во труењето на Алексеј Навални, според еден истражувачки тим. Големото истражување, според медиумите, открило дека ФСБ стои зад сè, пренесува Дојче веле.

Алексеј Навални бил очигледно отруен како дел од сложената операција спроведена од агенти на руската тајна служба ФСБ – така барем тврдат неколку меѓународни медиуми кои ги испитале околностите на труењето на рускиот политичар.

Идентификувани се најмалку осум агенти на ФСБ, пишува германскиот магазин Дер Шпигел, кој учествувал во истражувањето со истражните платформи Белингат и Инсајдер и американскиот новински канал Си-Ен-Ен.