Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт почина денеска на 84-годишна возраст.
Иако нејзината биографија е позната низ целиот свет, малкумина го знаеја нејзиното вистинско име.
Олбрајт е родена на 15-ти мај 1937-ма година во Прага како Мари Јана Корбелова.
Името „Медлин“ е француска верзија на чешкиот прекар „Медлинка“ што и го дала нејзината баба. Олбрајт официјално добила ново име кога заминала на училиште во Швајцарија.
Таа емигрирала во САД од Чехословачка со своето семејство во 1948 година. Таа стана американска државјанка во 1957 година, а по дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт,
Со него имаше три ќерки – Ен, Елис и Кејти.