По донесеното решение од страна на колумбиската влада, вилата на Пабло Ескобар во Меделин беше срушена до темел на 22-ри февруари оваа година, а на камера наводно бил “фатен” и неговиот дух како шета по ходниците на луксузната вила и тоа неколку секунди пред таа да биде срушена.
Озлогласениот господар на дрогата и неговото семејство живееле на овој имот во текот на 80-тите години.
Во текот на рушењето кое било изведено со 375 килограми експлозив, очевидци тврдат дека го забележале духот на Ескобар кој поминувал низ ходниците.
Во видеото кое се појавило на социјалните мрежи може да се забележи бела сенка која проаѓа помеѓу прозорците и големиот влез пред да “одлета” кон небото и да исчезне токму во моментот кога зградата почнала да се руши.
Корисниците на социјалните мрежи веднаш тврделе дека таа силуета е духот на Пабло, а други пак тврдат дека станува збор за фотомонтажа.
Кокаинскиот нарко бос кој годишно заработувал и по неколку милијарди долари е убиен во 1993 година, на 44-годишна возраст.