недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО ХОЛАНДСКИОТ АВИОН ШТО СЕ УРНА И ИЗГОРЕ КАЈ ОГУЛИН Според листата на летање, биле најмалку тројца

НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО ХОЛАНДСКИОТ АВИОН ШТО СЕ УРНА И ИЗГОРЕ КАЈ ОГУЛИН Според листата на летање, биле најмалку тројца

Во малиот холандски авион којшто се урна во саботата кај Мала Капела во Хрватска, загинаа сите патници, најверојатно тројца, колку што биле наведени во планот за летот, потврди Главниот авијациски инспектор Данко Петрин од местото на несреќата на авионот од типот „Cirrus 20“, каде истрагата ја спроведува полицијата од Карловац и главниот воздухопловен истражител.

Како што објави хрватското обвинителсво во неделата, „во тек е истрага и утврдување на сите околности околу падот на авионот ‘Cirrus’ 20 во пошумениот дел на Мала Капела во областа на градот Огулин“.

Главниот авијациски инспектор изјави дека авионот е тешко оштетен по уривањето, кој освен од механички оштетувања бил уништен и од пожар. Тој ги отфрли како шпекулации тврдењата дека причината за авионската несреќа е лошото време.

Станува збор за холандски авион во кој според планот на летот имало тројца патници од Холандија, а дали е тоа така и кои се патниците ќе се утврди преку обдукцијата којашто треба да даде одговори за идентитетот на жртвите и точното време и причина за нивната смрт.

Пчеларот Стјепан Микиќ од Модруш , кој бил очевидец на падот на авионот, раскажа за 24 сата како го доживеал настанот.

– Јас и мојот колега бевме во куќата, а потоа нешто се случи. Ниту 50 метри над куќите се слушна многу силен звук. Веднаш истрчавме да видиме што се случило. Отпрвин мислев дека е параглајдер, но мојот колега рече дека не може да биде. Сигурно е авион и најверојатно се урнал. Не видовме каде падна. Полета, а потоа силен звук. Беше многу лошо време, променливо, магливо и врнежливо, а потоа сончево – вели Стјепан.

Тој вели дека дури подоцна дознале што навистина се случило.