Талибанците денеска назначија нови министри и со тоа го завршија формирањето влада во која нема ниту една жена, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.
Три недели по преземањето на власта во Авганистан, талибанците на 7 септември назначија некои членови на владата.
Министерски позиции добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници. Новиот премиер Хасан Акунд ја предводеше талибанската влада во последните неколку години од нивното владеење во Авганистан. (МИА)