Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска беше во фризерски салон во Сан Франциско без заштитна маска.
Снимката на која се гледа како Пелоси ги крши прописите, објавено од телевизијата Фокс Њуз, предизвика бурни реакции во американската јавност, бидејќи локалните власти претходно ја забранија работата на салонот што го посети претседателката на Претставничкиот дом, пишува лондонски „Гардијан“.
Како што е пренесено, со оглед на тоа што Пелоси редовно ги предупредува Американците да се придржуваат и да спроведуваат мерки за превенција против коронавирусот, снимките може да ја компромитираат во јавноста, но исто така да се толкуваат како повик превентивните мерки да не се применуваат повеќе.