четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Необјаснива смрт: Телото на рускиот милијардер од Украина го пронашол градинар (ФОТО)

Необјаснива смрт: Телото на рускиот милијардер од Украина го пронашол градинар (ФОТО)

Михаил Ватфорд (66), руски тајкун по потекло од Украина, кој се збогатил со нафта и гас, бил пронајден мртов во својата вила во Сари, пишуваат британските таблоиди.

Полицијата смртта на таткото на три деца ја третира како „необјаснива“, но овој случај не се смета за сомнителен. Телото на Вотфорд е откриено во гаражата на неговиот луксузен имот Вентворт во Вирџинија Вотер, Сари, каде куќите чинат повеќе од 20 милиони евра.

Веста за смртта на Вотфорд стигна во јавноста на денот кога британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе објави список на луѓе поврзани со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, од кои значителен број ќе се соочат со санкции, пренесува „Дејли Мејл“.

Полицијата била повикана на местото на настанот откако тајкунот, кој не е меѓу санкционираните олигарси, бил пронајден мртов. Според британски „Мирор“, тајкунот бил пронајден во гаражата, а телото го пронашол градинар.

Вчера неговата сопруга Џејн (41), по потекло од Естонија, на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како се бакнува со сопругот во кругот на нивната вила.

„Тајминот на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не беа случајни. Неговата смрт покренува многу прашања. По сите други сомнителни смртни случаи на руски граѓани и соработници во Британија, природно е да се шпекулира за неговата смрт“, извор близок до изјави тајкунот за британските таблоиди.

Портпаролот на полицијата во Сари изјави дека на 28 февруари околу пладне, по пријавата за пронаоѓање на телото на мажот, биле повикани на лице место.

„Повикана е брза помош, но човекот кој имал околу 60 години за жал е констатирана смрт на лице место. Во тек е истрага за околностите на смртта, но не се верува дека има сомнителни околности“, рече тој.

Инаку, Михаил Ватфорд е роден како Михаил Толстој во 1955 година во Украина кога беше дел од Советскиот Сојуз, Ватфорд своето богатство го стекна преку нафта и гас, пред да изгради деловна империја во Британија.

Тој го промени своето презиме во Ватфорд кога се пресели во Британија, каде што купи куќи во центарот на Лондон и вила вредна околу 20 милиони евра во Сари, како и недвижен имот на имотот Вентворт.