сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Несреќа во Словачка: Се урна авион, загинаа три лица

Несреќа во Словачка: Се урна авион, загинаа три лица

Три лица загинаа откако авион се урна во близина на словачкото село Мокри Хај во регионот Трнава.

Станува збор за помал авион во кој можат да се сместат четири лица.

Информациите за уривањето ги потврди портпаролот на Противпожарната служба и Службата за итни случаи (Хаш), Катарина Кричанова, јави агенцијата ТАСС.

По пристигнувањето, пожарникарите го испитуваа местото на несреќата и почнаа да го гаснат пожарот што го зафати авионот откако се урна.