Четири лица се полесно повредени денеска при судар на крузер и туристички брод во Венеција, јавија италијанските медиуми.
Агенцијата Анса објави дека две лица се префрлени во болница.
Сударот се случил во каналот Џудека.
Противпожарната служба на Твитер соопшти дека ситуацијата е под контрола.