Слон уби човек, откако Тајланѓанец со автомобил со голема брзина удрил во животното во близина на национален парк, соопштила полицијата.
Кога возилото удрило во задните нозе на слонот, животното веднаш реагирало и го прегазило автомобилот.
Несреќата се случила во средата на мал пат на кој има знаци за поголема внимателност на возачите заради можни појавувања на диви животни.
Слонот е вратен во Националниот парк „Као јаи“ кој се наоѓа на североистокот од земјата.
Пред неколку недели една Германка загина во Зимбабве исто така од слон обидувајќи се да го фотографира.