Силно невреме со пороен дожд денеска ја погоди турската престолнина Анкара, по што некои делови од градот се поплавени.
Големите количества вода најмногу проблеми создадоа во квартовите Бешевлер и Сихије. Сообраќајот е во прекин, а улиците и плоштадите се под вода. Градските служби се на терен и ги расчистат одводите.
Невреме со пороен дожд денеска имало во 22 области во северна и централна Турција. Најтешко е погоден турскиот црноморски град Самсун. Поројниот дожд поплави улици, куќи, продавници, канцеларии, сообраќајот се одвива отежнато, има паднати дрва.
Возила се заглавени во вода на автопатот Самсун-Синоп и на автопатот Самсун-Анкара, како и на влезовите и излезите од градот. (МИА)