Доколку САД сакаат да постигнат договор, Мексико е подготвен, но нема намера да преговара од страв, изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието во обраќање до нацијата.
Тој се обрати до нацијата по повод барањето на Трамп долж границата со Мексико да се распоредат неколку илјади припадници на Националната гарда додека не биде изграден ѕидот на границата.
– Доколку вашите скорешни изјави се резултат на фрустрации поради поради проблеми во домашната политика, и поради вашите закони или вашиот Конгрес, занимавајте се со нив, не со Мексиканците, изјави Нието.
Тој додаде дека властите во Мексико нема да дозволат негативната реторика да ги обликува нивните дела и дека ќе дејствува само во најдобар интерес за Мексиканците.
– Убедени сем дека ако дојдеме до договор како пријатели, партнери и добри соседи, нашите држави ќе поминат подобро отколку да се судриме, изјави Пења Нието.