Претседателот на Финска, Саули Нинисто е позитивен на Ковид-19 и е во изолација, соопшти неговиот Кабинет.
Нинисто (73) и покрај заразата се чувствува добро и обврските ги извршува од далечина.
Финскиот претседател ја одложи посетата на Норвешка, што требаше да биде реализирана на 21 и 22 април.