петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ништо нема да нè спаси“: Анализата на НАСА за можното влијание на астероидот на Земјата

„Ништо нема да нè спаси“: Анализата на НАСА за можното влијание на астероидот на Земјата

Американски и европски научници тврдат дека дури и атомска бомба не можела да запре огромен астероид доколку се наоѓа во орбитата на Земјата.

Во симулираната вежба учествуваа и експерти на НАСА, а целта беше да се запре катастрофата што ќе го снајде Стариот континент.

За четири дена (26-29 април), астрономите користеа радарски системи и друга технологија, вклучувајќи го и најголемиот телескоп во светот.

Вежбата наречена „Опции за вселенска мисија за хипотетичко сценарио на удар на астероид“ опфати „откривање“ на разорниот метеор (4 април), кој би ја погодил Земјата за седум месеци (20 октомври).

Научниците утврдиле дека споменатиот период не е доволен за испраќање ракета во вселената, како во филмскиот хит „Армагедон2“, и запирање на заканата.

Според замисленото сценарио, астероидот би погодил област што ги вклучува Чешка, Германија, Австрија, Словенија и Хрватска.

Беше заклучено дека светот мора повеќе да инвестира во системи за следење и откривање на астероиди, затоа што тогаш ќе имаме многу повеќе време да го подготвиме и спречиме најлошото.